STAY SAFE
Македонија

Посветени сме кон давање помош и поддршка во време на криза поради пандемијата на COVID 19.



ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ

ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ

Нашата компанија нуди заштитни маски за лице за сите. Нудиме заштита за целото семејство, за возрасни и деца и поконкретно за постари лица. Исто така нудиме специјално изработени маски за лице за професионалци кои работат во областа на здравствена заштита (болници, доктори и медицински сестри) и во други осетливи области на работа. Нашите маски се рачно изработени со висок квалитет и се сертифицицирани од OEKO-TEX. Овој сертификат осигурува дека секоја компонента од овој производ односно секоја нитка, копче или друг додаток е тестиран за штетни материи и дека производот е безбеден од човечко еколошки аспект. Тестот е направен од независен OEKO-TEX® институт во Виена, Австрија. Во тестот се вклучени бројни регулирани и нерегулирани супстанци, кои може да бидат штетни за човековото здравје. Во многу случаи граничните вредности за STANDARD 100 се над националните и интернационални барања. Каталогот на критериуми се ажурира најмалку еднаш годишно и се проширува со нови научни познавања или законски регулативи.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ



Маици

Маици

Покажете му на светот што всушност Вие мислите за кризата и изразете ги Вашите емоции со кул и брендирани.маици.

Со секое купување исто така ја финансиратефинансирате Фондацијата COVID 19 која е посветена да даде поддршка на луѓето на кои им е тоа потребно.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ



ОПРЕМА COVID

БРЕНДИРАЊЕ

Обезбедете си за себе, за Вашите сакани и Вашите најценети вработени лична маска. Зошто да не ја брендирате маската со логото на Вашата компанија и не им покажете на Вашите соработници дека навистина се грижите за нив.

Подготвивме различни пакети за избор и согласно на Вашите потреби.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ US



СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СПЕЦИЈАЛНИ САПУНИ

СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СПЕЦИЈАЛНИ САПУНИ

Сегашните докази укажуваат на тоа дека вирусот COVID-19 се пренесува преку респираторни капки или контакт. Трансмисијата преку контакт настанува кога контаминирани раце ќе ја допрат мукозата на устата, носот или очите; вирусот исто така може да се пренесува од една површина на друга преку контаминирани раце, со што се олеснува трансмисијата преку индиректен контакт. Следствено, хигиената на рацете е особено важна за превенција на ширењето на вирусот COVID19. Со тоа исто така се спречува трансмисија на други вируси и бактерии кои предизвикуваат настинки, грип или пневмонија, со што драстично се намалува товарот на болеста. Нашата компанија нуди средства за дезинфекција и специјални сапуни за секојдневна употреба и во различни количини и пакувања.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРОИЗВОДИТЕ

Сите треба да соработуваме и да останеме безбедни!

Ве молиме имајте предвид дека нашите маски за лице не се заштитна опрема ниту медицински производ. Покривањето на лицето /носењето немедицинска маска во заедницата не е докажано дека ja заштитува личноста која ја носи и не е замена за физичко растојание и миење на рацете.

Сепак, може да биде дополнителна мерка што може да ја преземете за да ги заштитите другите околу вас, дури и ако немате симптоми. Може да биде корисно за кратки периоди, кога физичкото дистанцирање не е можно на јавни места, како на пример кога купувате намирници или користите јавен превоз. Строгите мерки за хигиена и јавно здравје, вклучително и честото миење на рацете и физичкото (социјално) дистанцирање, ќе ја намалат вашата шанса да бидете изложени на вирус.
STAYSAFE

Компанија

Професионал Царе Солутионс ДООЕЛ Скопје
ЕДБ: MK4043018524177
ЕМБС: 7264488
Димче Мирчев 18А/30, Скопје, Северна Македонија

Контакти

Броеви за кол центар:
00389-70-323-769
00389-70-323-764
e-mail : office@staysafe.mk
Info